Екипата на Панатинаикос го изедначи резултатот во четвртфиналните дуели со Макаби Тел Авив во рамките на Евролигата по вечерашниот триумф со 95-79. Првиот меч во Атина го доби Макаби, сега Панатинаикос немаше право на грешка и пред преполната сала го победи израелскиот ривал. Клучниот момент беше втората четвртина кога Грците имаа фантастична шутерска серија по која натаму го контролираа мечот и резултатот и на крајот победија.
Слукас постигна 29 поени, додека кај Макаби со 18 поени се истакнува Браун. Третиот меч се игра на неутрален терен, а домаќин е Макаби.
А Реал Мадрид го доби и вториот меч против Басконија. Овојпат со 101:90 и победе со 2:0 во серијата против шпанскиот ривал. Кај Реал се истакна Кампацо со 24 поени, а кај Басконија Маринковиќ со 20. Третиот меч се игра во Баскија.
Инаку патник во следната фаза е првиот што ќе дојде до три победи.