Куртоа подготвен за кам-бек: Се чувствувам одлично!

165

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа продолжува со процесот на рехабилитација од повредата и во блиска иднина ќе биде подготвен да се врати на терените, на голот на „кралевите“ да го замени својот украински колега Андриј Лунин.

„Се чувствувам фантастично, дури и подобро од очекуваното… Навистина со нетрпение очекувам да се вратам, но ги слушам лекарите и нивните совети. Како тие ќе кажат, така ќе тече целиот процес на подготовките до дефинитивното враќање“, изјави Куртоа.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти изјави дека Куртоа ќе биде подготвен да се врати за натпреварот против Кадиз кој ќе се одигра на 4 мај.

ПретходноКари е годинешниот добитник на наградата „Џери Вест“
СледноВардар со +21 ја декласира Струга!