Утре од 16 часот во меч од 29.коло во ПМФЛ, шампионот на свој терен го дочекува Силекс. Екстра важен меч за тимот на Струга ТЛ кој во пресрет на последните 5 кола до крајот има +3 бода пред вториот Шкупи.
За тоа што може да се очекува од утрешниот меч свој коментар има искусниот офанзивен играч за врска на шампионот, Фљамур Таири:
„По двата меча без победа, добро е што во минатото коло славевме на гости кај Македонија ЃП. Цврсто верувам дека ќе продолжиме со победничко темпо. Јасно е дека одиме на победа против Силекс, јасно е дека бодовите ни се неошходно и затоа нашите мисли се победнички. Со секоја победа ние сме поблиску до титулата. Знаеме дека нема да биде лесно, Силекс е силен тим, но ние одиме на победа“ посочи Таири.