Веќе во среда се игра 30.коло од тековната сезона во ПМФЛ. Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на овие мечеви. Ивана Пројковска ќе биде главен судија во под Шара каде се среќаваат Шкендија и Брера, додека Јован Качевски ќе го суди дуелот во Штип, во кој Брегалница го дочекува Вардар.
СУДИИ И ДВОЈКИ ЗА 30.КОЛО – СРЕДА (16 Ч)
Силекс – Работнички: Александар Грујоски (Кичево)
Македонија ЃП – Воска: Игор Иванов (Велес)
Брегалница – Вардар: Јован Качевски (Струга)
Тиквеш – Струга ТЛ: Димитар Пилешков (Штип)
Шкендија – Брера: Ивана Пројковска (Скопје)
Гостивар – Шкупи: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)