Дамфрис со навредлив банер за Тео – ќе добие сериозна казна

899

Италијанската фудбалска федерација покрена истрага против фудбалерот на Интер, Дензел Дамфрис и неговиот банер за време на прославата на шампионската титула. На банерот беше прикажан тој како го држи со ланец дефанзивецот на Милан, Тео Хернандез прикажан како куче.
ФИГЦ покрена истрага и холандскиот фудбалер ќе добие казна како и сите други со слични испади во минатото. Тео, Мајк Мањан, Раде Круниќ и Сандро Тонали беа казнети во 2022 година поради навредлив банер против нивниот градски ривал Интер за време на прославата на шампионската титула на Милан.
Пред извесно време, дефанзивецот на Рома, Мансини беше казнет со 5000 евра поради веење на знаме во боите на Лацио и стаорец на него по триумфот во римското дерби.
Дамфрис ќе биде казнет меѓу 4000 и 5000 евра, засега не се спомнува суспензија.
Инаку договорот на Дамфрис со Интер истекува во јуни 2025 година и двете страни треба да седнат и да преговараат за продолжување на соработката.

ПретходноТијаго Силва со солзи во очите: Толку е, го напуштам Челзи
СледноРоналдо го продава клубот