Утре се играат сите мечеви од 31.коло во ПМФЛ. Секако дека во центарот на вниманието е големото дерби на Чаир, во кое се среќаваат Шкупи и Шкендија во еден од решавачките мечеви за титулата. Димитар Пилешков ја доби довербата да го суди ово натпревар.
Во Струга, каде што играат Струга ТЛ и Гостивар, на центарот ќе биде Марјан Младеновски од Скопје.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 31.КОЛО – САБОТА (17 Ч)
Брера – Брегалница: Ивана Пројковска (Скопје)
Вардар – Македонија ЃП: Игор Иванов (Велес)
Воска – Силекс: Александар Грујоски (Кичево)
Работнички – Тиквеш: Јован Качевски (Струга)
Струга ТЛ – Гостивар: Марјан Младеновски (Скопје)
Шкупи – Шкендија: Димитар Пилешков (Штип)