Некогашниот европски шампион Хамбург се соочува со големи финансиски проблеми и му се заканува преселба во најнизок ранг во Германија, а со тоа и комплетно гаснење.
Хамбург не доби зелено светло од ракометната федерација за настап во следната сезона во Бундес лигата, иако сезонава се наоѓа на средината на табелата. Клубот не го исполни првичниот рок за исплата на долговите, потоа доби дополнителен рок за да ги достави документите што беа потребни и гаранциите за финансиската состојба, но, сепак, недоволно за да добие лиценца.
Според „Билд“, шампионот на Европа од 2013 година, е „покус“ за четири милиони евра и би можел да се најде во четвртата лига во Германија, но се заканува и комплетен распад на клубот.
На Хамбург втор пат во историјата му се заканува банкрот затоа што во 2016 година му се случи истото, а потоа во 2021 година се врати во елитата.