Mакедонската ракометна репрезентација денеска пристигна во Торшавн каде утре (20 часот по македонско време) ќе го одигра првиот бараж натпревар против Фарски Острови за пласман на Светското првенство 2025 година.
Нашите момци одржаа тренинг во салата Холин а Халси, каде ќе се одигра утрешниот меч. Во позитивна атмосфера го очекуваме утрешниот дуел.