Даниеле Орсато, еден од најдобрите судии во Европа во изминатата деценија синоќа на “Паркот на Принцовите“ во Париз, веднаш откако отствири крај почна да плаче. Италијанецот притиснат од емоциите, не можеше да ги сокрие солзите.
Невообичаено за тие што не знаат, но Орсато се расплака поради фактот дека ова за него беше последен меч во Лигата на Шампионите како судија во неговата кариера.
Наскоро, по завршувањето на ЕУРО 2024 каде и тој ќе суди, Италијанецот оди во пензија.
Да се потсетиме што Лука Модриќ кажа за него по полуфиналето на СП во Катар меѓу Аргентина и Хрватска.
“Катастрофално го водеше натпреварот, овој судија е катастрофа“.