Тринаесетмина одбојкари на списокот за пријателските со Романија

68

По воведниот период со тренинзи во Струмица, македонските одбојкари ќе патуваат во Романија на два контролни натпревара во пресрет на Европската златна лига. Поточно, првиот ќе биде заеднички тренинг, а вториот меч којшто ќе им послужи на двата селектора да ја тестираат формата на националните состави. Во македонскиот ќе бидат 13-мина играчи, а селекторот Хари Наковски нема да може да смета на двајца сигурни кандидати за настап во следните средби со натпреварувачки карактер.

Лука Костиќ е повреден и нема да патува за Романија, а од тимот ќе отстуствува и Дарко Ангеловски, кој се уште нема нов пасош. Тоа значи дека на позиција либеро, покрај Ефтим Ричлиев, ќе игра Ангел Бошков, а на примачи ќе имаме две три опции: Владо Милев, Стојан Илиев и Тоше Ефремов. Сите други се стандардни, со напомена дека Александар Љафтов ќе ја пропушти Европската златна лига и ќе се приклучи на подготовките за августовските квалификации за Европското првенство 2026. Во персонална смисла, свежување за оваа акција се Михајло Мирасчиев и Стојче Арсов.

Македонија утре ќе патува и ќе одржи еден тренинг, а контролите со Романците се закажани за петок и за сабота.    

Состав за пријателските со Романија:

Техничари: Ѓорѓи Ѓорѓиев (Бурса-Турција)Давид Стојанов (Фужинар-Словенија)

Коректори: Никола Ѓорѓиев (АЦХ Љубљана – Словенија), Стојче Арсов (Работнички 71&22)

Примачи: Владо Милев (Струмица 47&72), Стојан Илиев (Анагенисис – Кипар), Тоше Ефремов (Весна Пробиштип)

Средни блокери: Филип Маџунков (Хасроде – Белгија), Филип Савовски (Војводина – Србија), Филип Лепидовски (Таково – Србија)Михајло Мирасчиев (Штип УГД)

Либера: Костадин Ричлиев (Штип УГД), Ангел Бошков (Работнички 47&72)

ПретходноРијека е казнета со 4.500 евра по скандирањето “Цигане, Цигане…“ кон Македонецот Ристовски!
СледноРеал да внимава: Тухел како гостин никогаш не загубил од “кралевите“!