Претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ, и генералниот секретар Владимир Георгиевски, ќе бидат дел од делегатите на претстојното генерално собрание на ФИБА Европа, кое се одржува во наредните неколку дена во Порторож.
Водечките луѓе на нашата федерација ќе бидат дел од присутните делегации кои ќе учествуваат во работата на собирот во словенечкиот приморски град. Агендата предвидува првиот работен ден, 10 мај, да биде посветен на своевидни „работилници“ на кои ќе бидат вклучени генералните секретари на сите европски национални федерации.
Следниот ден, 11. мај, ќе биде одржана и седницата на највисокото работно тело на европската кошаркарска федерација.