Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во полуфиналето на ИТФ фјучерсот во Трнава, Словачка. Подобра од неа беше словенечката тенисерка Вероника Ерјавец која славеше со 2-0 во сетови (6-3 и 6-4).
Лина претходно запиша две победи од по 2-0 во сетови, над Кудерметова во првото коло и против првата носителка на турнирот Хотама, но налета на расположената словенечка тенисерка, која има севкупно пет трофеи од ИТФ фјучерсите од кои една оваа година по триумфот на Копер опен во април.