Официјално: Струга ТЛ е шампион…супер Бесарт и супер Радески го “расплакаа“ Тетово! (ВИДЕО)

2481

И готово е, Струга ТЛ по вторпат во својата историја ја освои титулата во ПМФЛ. Честитки за шампионот, кој со маестрална претстава славеше со 0:2 против Шкендија среде Тетово.

Супер Бесарт и супер Радески стрелаа за победа која донесе титула ако се знае дека на Чаир не ја победи Брера.

Токму затоа титулата останува во Струга ТЛ.

Треба да се каже дека убава атмосфера во Тетово, на крај гостите добија аплауз од тетовската публика.

Браво за Струга ТЛ.

Мега – дербито започна со иницијатива на Шкендија, се редеа шансите пред голот на Струга ТЛ, но на голот на гостите блескаше голманот Ќосевски. После 20 минута Струга ТЛ се ослободи од притисокот и почнаа заканите кон голот на Талевски, посебно Бесарт Ибраими имаше три шанси за водство.

Но Бесарт тоа го стори во 43.минута кога со вистинска “бомба“ ја затресе мрежата на Талевски за 0:1 за Струга ТЛ.

 

Само што започна второто полувреме, уште еден шок за домашните, шансата Радески ја претвора во гол за водство на гостите од 0:2 во таа 48.минута. Интересно и Ибраими и Радески се екс – играчи на Шкендија од нејзините најславни времиња.

 

Десет минути подоцна Дита ја погоди пречката на гостите, сега Ќосевски имаше многу среќа.

Во следната фаза од дербито Шкендија се обидуваше да нападне, но тоа беше стихијно, гостите умешно ја смирија играта, онака како што им одговараше.

ПретходноМилан губи трпение со португалските тренери, сега се врти кон Конте
СледноПМФЛ: Вардар во Кратово освои само бод и го “потврди“ баражот! (ВИДЕО)