ЖФК Љуботен со гол од корнер го одбрани Купот (ВИДЕО)

245

Со гол постигнат од корнер во 93. минута, фудбалерките на ЖФК Љуботен ја одбранија куп-титулата на домашната сцена. Во финалето денеска во Велес одлуката за победникот падна во судиското продолжение од мечот, откако Љуботен и Каменица Саса одиграа цврст меч без погодоци до самата завршница.

Тетовки во 93. минута изведоа корнер, а Марковска се одлучи да бие на прва статива и успеа да го измеми голманот на гостинската екипа и да постигне ефектен погодок. Со овој гол „љуботенки“ успеаја и оваа година да го кренат пехарот наменет за најдобриот тим во Купот на Македонија.

ПретходноБарселона е воз кој „лета“ кон ѕид со 300 километри на час
СледноШампионките тргнаа со победа во одбрана на титулата