Српскио интернационалец Фарук Бихорац пристигна во базата во Банско каде што во моментов се подготвува екипата на Академија Пандев.
Струмичани се во потрага по решение за стоперската позиција, а изборот падна на Бихорац кој последно има настапувано за тимот на Кабел во Србија.
Се работи за играч кој е плод на школата на Нови Пазар, а по0крај неколку нисколигаши каде што настапувал како позајмен фудбалер има една сезона одработено и во Вележ Мостар.