Уште една потврда за квалитетот, за класата во која се нашите ракометни судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, кои важат за најдобри судии во светот.
Дека е тоа така потврда доаѓа и од ЕХФ која денеска ги објави судиите кои ќе ја делат правдата на претстојниот Ф4 во ЛШ.
А таму, и тоа во финалето правдата ќе ја делат Македонците Начевски и Николов.
Секако уште една потврда за квалитетот на двајцата наши судии.
Интересно од големите настани само ова им недостасуваше на Начевски и Николов, и ете го добија.