Необична изјава на славниот тренер: “Од својот џеб го платив судијата за мечот Реал – Баерн!“

4568

Иако таа тема по малку е заборавена, сепак денеска на пресот на Јулиен Нагелсманм на кој го соопшти списокот на играчи на Германија за ЕУРО 2024, не можеше да се одбегне. А тоа е големата грешка на штета на Баерн во Мадрид, кога судиите од Полска, на чело со Шимон Марчињак, ја прекинаа акцијата на Германците иако немаше офсајд.

Којзнае, ако не беше таа грешка сега Баерн ќе играше во финалето а не Реал.

Му реков на Томас Милер дека јас од свој џеб го платив судијата на тој меч да суди така како што судеше. Желба ми беше Баерн да биде елиминиран со цел Томас да го имам порано во репрезентацијата. Ха, ха, ха…јасно е дека се шегувам“ изјави Нагелсман.

Инаку оваа негова изјава може да се сфати и како мала провокација до баварскиот гигант ако се знае на кој начин тој мораше да си оди д Минхен.

ПретходноТиаго Мота е најсериозен кандидат за клупата на Јувентус!
СледноСити без Едерсон на двата последни меча во сезоната!