Раде Стојановиќ својата кариера ќе ја продолжи во Словенија. Македонскиот селектор на јуниорската репрезентација и се уште актуелен тренер на Тиквеш, ќе седне на клупата на Тримо Требње.
Станува збор за тим каде што како играч ја почна својата интернационална кариера. Стојановски беше дел од екипите на Голд Клуб Козина и Горење.
Maкедонскиот стратег ќе дојде на местото на Урош Зорман, кој се збогува со фановите на клубот, ќе биде нов стратег на Слован Љубљана.