Фјури шокиран: Му ја подарија победа на Усик затоа што неговата земја е во војна

3373

Олександр Усик го победи Тајсон Фјури и стана апсолутен боксерски шампион со четири титули во тешка категорија. Украинецот славеше победа по 12 исцрпувачки рунди со 2-1 по судиски одлуки. Фјури реагираше бурно и смета дека тој е победник.

Усик доби некои рунди, но јас сум убеден дека добив повеќе. Неговата држава е во војна, а луѓето генерално застануваат на страната на тие кои се во војна. Верувам дека јас го добив овој меч. Секако дека ќе има реванш“, истакна Фјури кој ќе ја активира клаузулата од договорот за реванш со украинскиот боксер.

Од друга страна сосема поинакво размислување: „Исцрпен сум. Цело време го бодрев и навивав за Усик. Без навреда, но судијата украде нокаут. Тоа е мое мислење. Во целост тоа беше негов добар настап и заслужена победа“, изјави Александер Красјук, агентот на украинскиот боксер.

Неговата изјава беше блиску до вистината затоа што Фјури беше „распарчен“ во деветтата рунда, но јажињата и ѕвончето за крај на рундата го спасија од нокаут.

Според договорот кои го потпишаа, има можност за реванш и тоа кон крајот на годината.

ПретходноПолицијата дојде касно, родители се тепаа на детската лига во Скопје
СледноСити или Арсенал? Денот на одлука во Премиер лигата