Напаѓачот на Баерн (М), Хари Кејн, стана најдобар стрелец во својата дебитантска сезона во Бундеслигата со 36 гола и осум асистенции. Англискиот репрезентативец одигра 32 натпревари.
Второто место го зазеде напаѓачот на Штутгарт, Гираси, со 28 гола и три асистенции, а првата тројка ја комплетираше напаѓачот на Лајпциг, Лои Опенда, со 24 гола и седум асистенции.
Дефанзивецот на Баер, Алехандро Грималдо е најдобар асистент со 13 асистенции и 10 голови.