Поп Ацев влезе во „Куќата на славните“ во маратонско пливање

139

Македонскиот пливач и маратонец Евгениј Поп Ацев, од вчера е дел од Интернационалната „Куќа на славните“ во маратонското пливање (ИМСХОФ) како почесен пливач во класата 2024 година.

„Голема чест и привилегија е да се биде во „Куќата на славните“ на маратонско пливање, меѓу најголемите имиња во историјата на светското пливање. Посебно сум среќен и горд што правејќи го она што најмногу го сакам и пливајќи за Македонија, придонесов и оставив белег во светот на маратонското пливање. Многу сум благодарен за номинацијата, за изборот и за големото признание од една ваква голема светска организација, како и на сите кои беа дел од мојата пливачка кариера и ме поддржуваа во минатите 20 години“, изјави Поп Ацев.

Нашиот маратонец е трикратен светски првак, во 2015, 2017 и 2019 година, а има победувано на многу маратони ширум светот.

ПретходноАзербејџан и Белгија се нашата следна шанса за прв триумф во Златната лига 2024
СледноЧелзи и Манчестер Ј. во трка за потписот на дефанзивецот на Јувентус