Познати се двојките за баражите за пополнување на ВМФЛ!

877

Предмалку беа извлечени двојките за баражите за пополнување на ВМФЛ. Во барабанот се најдоа петте победници во третите лиги и Победа. Па така Победа за ривал го доби тимот на Куманово (трета лига – север), а Вардарски (трета лига – исток) ќе игра со Кораби (трета лига – југозапад), и третата двојка е Влазерими (трета лига запад) и Борец (трета лига југ).

Овие мечеви се играат во сабота а победниците ќе им се придружат на Македонија ЃП, Брегалница, Детонит (Вардар), Арсими, Охрид, Беласица, Вардар (Н), Башкими, Скопје, Кожув, Новаци, Осогово и Саса за наредната сезона во ВМФЛ.

ПретходноНишто не е случајно: Алкалоид им подели „бесплатен рецепт“ за успех на големите!
СледноСтаврев по петти пат ќе суди финале во Купот, Качевски и Василевски во ВАР собата!