Фудбалерите на Црвена звезда ја продолжија доминацијата во Купот на Србија, откако вечерва на стадионот во Лозница го освоија четвртиот последователен трофеј во ова натпреварување победувајќи ја екипата на Војводина со 2:1.
За белградскте „црвено-бели“ ова е и четвртата двојна круна во низа и вкупно 28. трофеј од националниот куп во клупската историја.
Покрај двата гола кои ги постигнаа Иваниќ и Спајиќ, судиите им поништија уште три гола на белграѓани.