Новак Ѓоковиќ вчера го прослави својот 37-ми роденден со победа во второто коло на АТП турнирот во Женева против Јаник Ханфман со 2:0 (6:3 и 6:3).
Со овој триумф најдобриот тенисер во светот сега и официјално е трет на листата со најмалку 1.100 победи на АТП тунирите. Со ова тој им се придружи на Џими Конорс и Роџер Федерер кои веќе имаа повеќе од 1.100 победи на АТП турнирите.
Инаку пред Новак е напорна сезона, Србинот со мислите е веќе кон главните турнири оваа година, но сепак приоритет е настапот на ОИ во Париз и нападот на златото. Само тоа му недостасува во фасцинантна кариера.