Шпанецот Хулен Лопетеги е назначен за нов тренер на Вест Хем на местото на шкотскиот менаџер Дејвид Мојс кој го напушти клубот. Лопетеги ќе стартува на кормилото на новиот клуб од 1 јули, а од идната сезона „чеканите“ нема да играат во Европа затоа што го заврши на деветтото место на табелата во Премиер лигата.
„Се надевам дека ќе бидеме успешни. Мислам дека ова е одлична средина да се развивам како тренер. Овој клуб има одлична играчка база, но, секако, мислам дека секогаш може подобро и подобро, да се цели кон повисоки нешта“, изјави Лопетеги.
Тој претходно работеше во Рајо Ваљекано, Реал Мадрид Кастиља, Порто, Реал Мадрид, Севиља,Вулверхемптон и беше селектор на Шпанија.