Горан Пандев во тимот на Светот против златната генерација на Романија од СП 1994

4720

Егзибициски фудбалски меч ќе се одигра утре во Букурешт, а ќе се соочат „златната генерација“ на Романскиот фудбал од СП 1994 година против тимот на Светот.
Романија на тоа СП што се одигра во САД стигна до четвртфиналето што се уште е најголем успех на романскиот фудбал воопшто. Мечот ќе се игра во сабота (25 мај) на „Националната арена“ во Букурешт.
За Романија ќе играат Гица Попеску, Димитреску, Лакатуш, Прунеа, Лупеску, Мунтеану, Дан Петреску…
За тимот на светот ќе настапи и екс-македонскиот напаѓач Горан Пандев. Негови соиграчи ќе бидат Панучи, Литманен, Фернандо Коуто, Карембеу, Стоичков, Савиола, Дида, Мајкон…

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: КК Дубаи во АБА лигата
СледноСосема очекувано: Димитријевиќ во дрим тимот на полуфиналните битки во ВТБ-лигата