Еспаргаро со пол – позиција за ГН на Каталуња!

47

Алеш Еспаргаро со својата Априља беше најбрз во квалификациите за ГН на Каталуља во Мото ГП. Тој извозе најбрз круг со време од 1:38,190 и со тоа дојде до пол – позицијата за утрешната трка која почнува во 14 часот.

Втор беше Франческо Бањаја на Дукати, а како трет утре ќе стартува Бред Биндер на КТМ.

Хорхе Мартин падна пред крајот на квалификациите и ќе стартува од шестото место, додека Марк Маркес квалификациите ги заврши уште во првата рунда па утре ќе стартува од 14.место.

Инаку денеска од 15 часот се вози спринтот за ГН на Каталуња.

ПретходноПрва меч топка за МЗТ Скопје: Дали во Битола ќе има реприза на минатогодишното финале?
Следно„Бомба“ од Лондон: Мурињо повторно на клупата на Челзи?!