Маринерс е првиот австралиски клуб со тројна круна

138

Централ Коуст Маринерс го совлада Мелбурн Виктори со 3:1 во одлучувачкиот меч за титулата во А-Лигата на Австралија и со тоа заокружи историска тројна круна. Централ Коуст имаше негатива од 50 минута, но со гол на Едмондсон во 91 минута избори продолженија.
Мигуел Ди Пицио во 97 минута донесе пресврт, а конечниот резултат го постави Едмондсон во 120 минута.
Со тоа Централ Коутс ги освои Чемпионшип, Премиершип и азискиот АФЦ Куп.
Веднаш по финалниот меч, капитенот на Маринерс, Дани Вуковиќ објави дека ја завршува професионалната фудбалска кариера.

ПретходноБараж за ПМФЛ: Вардар или Детонит, кој ќе игра во елитата следната сезона?
СледноФинале на Евролигата: Панатинаикос во обид да ја симне круната на „кралот“