Попладнево од 17 часот во Струмица се игра баражот за пласман во ПМФЛ за следната сезона. Вардар се среќава со Детонит, а кога е така, кога на нашиот најтрофеен клуб најмногу му треба поддршка, тука се “Комитите“, најверните фанови на Вардар. Вистинска вардарова еуфорија владее попладнево во Струмица, трибините ќе бидат полни, ќе се навива за Вардар, за четата на стратегот Горазд Михаилов од која се очекува победа и изборување настап и во следната сезона во ПМФЛ.
Инаку вардаровите фанови не пропуштија да направат фотографија и пред споменикот на Гоце Делчев во центарот на Струмица.