Младински состав на Брера Струмица е шампион на Македонија откако во последното коло со 7:1 ја надигра Победа и ги освои потребните три поени за да го кренат Шампионскиот пехар.
Крстев со три погодока заедно Костов и Спасов кои постигнаа по два гола во последниот меч и ја потврдија доминацијатс на струмичани во младинската лига каде се остварени 17 победи, едно реми и четири пораза.
Момците на Мартин Алаѓозовски оваа сезона беа одлични во секој поглед. Во секој меч го даваа максимумот за што говори и фактот што во 22 кола постигнаа дури 99 гола.