Спектакл во Струмица: Вардар убедлив, на полувреме води со 2:0!

787

Заврши првото полувреме од бараж мечот за ПМФЛ меѓу Вардар и Детонит. Резултатот е 2:0 за Вардар и тоа со головите на Ѓуриќ во 42.минута кога убаво се снајде пред голот на тимот од Радовиш, и Шушњара во 45+1.минута.

Убедливо водство со головите во финишот на првото полувреме. Вардар беше подобар, имаше и неколку шанси, но оваа убедлива предност ја обезбеди, како што веќе рековме, во последните минути од првиот дел.

Инаку Вардар има голема поддршка од трибините во Струмица, голем број “Комити“ со спектакуларни кореографии и навивање им даваат поддршка на своите миленици. No description available.

ПретходноГи имавме Белгијците на поен за победа, но на крајот пораз во пет сета
СледноЛеклер со прв триумф во Монако!