Македонецот блеска во Узбекистан: Дориев стрелец на два гола за Согдиана!

356

Љупчо Дориев продолжува со своите блескави настапи во шампионатот на Узбекистан. Македонецот во дресот на Согдиана попладнево, во меч од 9.коло, успеа со два гола, постигна и трет, но истиот беше пишан како автогол на еден гостински играч, да биде најдобар на средбата во која неговиот тим славеше со 4:0.

Во 11. и 19.минута Дориев постигна два гола за водство на Согдиана со 2:0, во 43.минута постигна и трет, но рековме веќе, истиот беше запишан како автогол.

Во 78.минута кога беше 4:0 Македонецот беше повлечен од игра, немаше потреба од неговото присуство на теренот во дресот на Согдиана.

Инаку со овие два гола Дориев сега по 9.коло има 7 голови и е втор на листата на стрелците.

ПретходноЛеклер со прв триумф во Монако!
СледноСаутемптон се врати во Премиер-лигата