Познати се сите можни ривали на Струга ТЛ за 1.квалификациско коло во ЛШ (ФОТО)

1946

И дефинитивно познати се сите 15 можни ривали на Струга ТЛ за 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Стружани исто како и лани и ова лето ќе стартуваат во квалификациите во ЛШ, ако ја минат првата пречка тогаш продолжуваат во 2.квалификациско коло во ЛШ, ако не тогаш ќе продолжат со настапите во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.

Ждрепката е закажана за 18 јуни а мечевите од 1.квалификациско коло се играат на 9/10 јули и 16/17 јули.

Тука се Ференцварош, Карабах, Лудогорец, Хелсинки, ФЦСБ, Пјуник, но и екипи како Линколн, ТНС, Балкани…

Да потсетиме дека нашиот шампион во ждрепката за 1.квалификациско коло во ЛШ се наоѓа во групата на неносители.

Ова е списокот на екипи кои би можеле да и се паднат на Струга ТЛ:

No description available.

ПретходноВуков се “коцкаше“ во Монако, но ќари само две позиции!
СледноЧави: Воошто не се цени работата на тренерите