Синоќа во Берлин во фантастично финале на Евролигата, Панатинаикос со речиси перфектна партија го победи Реал Мадрид и успеа да ги симне од тронот “кралевите“.
Турскиот стратег на тимот од Атина, Ергин Атаман, не ја криеше својата радост а во соблекувалната имаше свое шоу заедно со кошаркарите на сега веќе новиот европски шампион:
“Дали се сеќавате пред неколку месеци што ви кажа Слукас? Да го следите овој човек (покажува на себе) и ќе одиме на Ф4! И го освоивме Ф4“ истакна Атаман за да потоа следуваше големо славје.
Ergin Ataman delivers a short and bold speech to begin the Panathinaikos locker room CELEBRATIONS 🗣️☘️ pic.twitter.com/HyOPiNHIiY
— BasketNews (@BasketNews_com) May 26, 2024