Ѓоковиќ: Ова голема „планина“ за искачување

157

Бранителот на титулата на Ролан Гарос успешно го стартуваше овогодинешниот турнир. Светскиот тенисер број еден Новак Ѓоковиќ вечерва во првото коло го совлада францускиот претставник Пјер-Иго Ербер со 3:0 во сетови, а веднаш по мечот ги искажа првите впечатоци.

„Беше навистина неверојатно со навивачите. Ви благодариме што присуствувавте, нормално беше што публиката беше на страната на Ербер, домашниот играч. По 12 месеци, големо задоволство е да се вратам овде. Овој терен многу ми значи за мојата кариера. Имам водено многу големи битки овде и тоа е голема „планина“ за искачување.

Овој натпревар беше посебен за мене, сосема други услови за игра. Долго е да се чека цел ден за да се излезе на теренот, но благодарност до публиката за оваа атмосфера“, рече Ноле.

ПретходноЈакимовски: Најтешко ми паѓа за националниот тим! Се надевам дека во ноември ќе бидам со момците!
СледноДвата дуели за титулата ќе се играат во исто време!