Искусниот напаѓач Антонио Каланоски повеќе не е дел од тимот на Силекс. Тој си заминува од Кратово.
Неговиот договор заврши оваа сезона, а се чини нема простор за потпишување на нова соработка. Од Кратово најавуваат дека разговараат со повеќето од првотимците за евентуално заминување или останување, но и дека нема да брзаат со доведување на евентуалните замени.
Силекс сезоната ја заврши на петото место на табелата.