Повремениот репрезентативец на Португалија, Мигуел Пинто (25) е нов член на Вардар. Тој ќе остане во Скопје како дел од Вардар најмалку до јуни 2026 година, потпишувајќи двегодишен договор со тимот. Пинто (25 години, 194 см,) игра на позиција десно крило, и доаѓа од тимот на Агуас Сантас во Португалија.
Сезонава на 27 натпревари има постигнато 73 гола.
Пинто е на поширокиот список на репрезентацијата на Португалија, и има и два настапи за А репрезентацијата на Португалија. Лани играше во квалификациите за ЕП 2024 и тоа против Луксембург и против Турција. На двата натпревари даде вкупно 11 гола за Португалија. Има настапувано и се тимовите до 20 и до 21 година, за Португалија на ЕП 2018 и СП 2019 година.