Охрид со победа над Тиквеш го потврди евро-настапот

252

Ракометарите на Охрид славеа над Тиквеш со 29:24 во последното коло од домашното првенство со што го потврдија своето место во Европа следната сезона. Охриѓани финишираа на четврто место и заслужија место во европските купови.

На денешната пресметка, Ојлески имаше одличен настап со 8 гола додека Цирар постигна 5. Кај Тиквеш по 7 гола постигнаа Анастасовски и Мијатовиќ.

Денеска се одигра и дуелот во Скопје меѓу Пролет и Струга, каде домаќините и немаа некои посериозни проблеми да остварат победа за крај на сезоната. Пролет славеше со 33:27.

ПретходноРакометарите ги добија противниците за СП, Вараждин ќе биде нашата „база“
СледноПознат е возниот ред: Македонија на стартот на СП ќе игра против Унгарија!