Агим Ибраими е нов спортски директор на Тирана!

650

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец, Агим Ибраими е нов спортски директор на најтрофејниоот албански фудбалски клуб, Тирана. Ибраими по завршување на фудбалската кариера пред неколку години немаше посебен фудбалски ангажман, така што ова седнување во директорското столче во Тирана ќе биде негов прв голем предизвик по завршувањето на активната фудбалска кариера.

Ибраими добро ги познава приликите во албанскиот фудбал, затоа што во последните години од кариерата беше дел од екипите на Кукс и Динамо Тирана.

Во дресот на македонската репрезентација има 39 настапи и 7 постигнати гола.

ПретходноПадна договор: Конте во Наполи до 2027 година!
СледноНено и Уникс немоќни во Москва, ЦСКА на победа до титула