Последен обид: Баерн му понуди нов договор на Алфонсо Дејвис

468

Баерн ги продолжил преговорите со 23-годишниот лев бек Алфонсо Дејвис. Новинарот на Скај Спорт Германија, Флоријан Плетенберг, соопшти дека катализатор за продолжување на преговорите била желбата на новиот тренер на Баерн, Винсент Компани да го задржи канадскиот фудбалер во тимот.

Клубот од Минхен му ппонудил на Дејвис договор до 2029 година со плата од 13-14 милиони евра плус бонуси. Сепак, дефанзивецот останува на своето барање за плата од 20 милиони евра годишно.

Реал Мадрид и натаму е во трка за потписот на Дејвис, но засега тие немаат испратено понуда до неговиот агент. Сезонава Дејвис учествуваше на 42 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна три гола и шест асистенции. Актуелниот договор на играчот со Баерн е до летото 2025 година.

ПретходноОдличен меч во Осијек и тесен пораз во пет сета од Хрватска
СледноМекиќ со 9 поени за победа на Задар и „мајсторка“ во хрватското финале