Новак Ѓоковиќ го совлада Лоренцо Мусети со 7:5, 6:7, 2:6, 6:3, 6:0 за осминафиналето на Ролан Гарос. Натпреварот траеше 4 часа и 28 минути. Во саботата започна во 22:38 часот, а во неделата заврши во 3:06 часот. Ова е единствен меч кој завршил толку доцна.
Кога станува збор за најдоцна завршените натпревари воопшто, Ролан Гарос нема ниту еден во ТОП 50. Поточно немаше до зори до овој ден. Со оглед на тоа што мечот траеше до после 3 часот по полноќ, Ѓоковиќ и Мусети влегоа во 10-те најдоцна завршени натпревари воопшто и во петте најдоцна завршени натпревари на Грен слемовите.
Според уште еден критериум, Ѓоковиќ одигра меч за историја. Во него тој ја освои својата 369 грен слем победа, израмнувајќи го рекордот на Роџер Федерер. Секако дека Ѓоковиќ ќе го надмине, а никој не може да му се закани бидејќи следен зад нив е Рафаел Надал со 314 победи на четирите најголеми турнири.
Ѓоковиќ го израмни рекордот на Федерер со неверојатен пресврт против 15 години помлад човек. На сето тоа Ѓоковиќ му успеа со неверојатен пресврт во феноменален меч, во кој и двата ривали дадоа и покажаа се. Сепак, Ѓоковиќ (37), покажа зоѓто е тенисер број еден во светот, беше поиздржлив од 31. на АТП-листата, кој е дури 15 години постар од него.
👏 Musetti does it again!
💪 Great defence, better winner!#RolandGarros pic.twitter.com/8TZm9KuMxz
— Eurosport (@eurosport) June 2, 2024