Во стилот на Меси – погледнете го мајсторскиот гол на младиот Италијанец

677

Италијанската фудбалска репрезентација до 17 години игра на Европското првенство кое се одржува на Кипар. Младиот напаѓач на Италија, Матиа Либерали постигна прекрасен гол против Англичаните во стилот на големиот Лео Меси.
Тој „нанижа“ пет-шест играчи на Англија во шеснаесетникот и го совлада англискиот голман. Поради ова ремек дело си го доби и прекарот „малиот ѓавол“ (piccolo diavolo).
Инаку тој игра за младиот тим на Милан во Примавера, а минатата година потпиша професионален договор со „росонерите“. Легендарниот Алесандро Костакурта го според со Фил Фоден од Англија.

ПретходноЃер шести пат на тронот на Европа
СледноТејтум нетрпелив: Не можам да дочекам да почне финалето со Далас