Милевски: Се надевам играчите ќе ги решат проблемите во клубовите

785

По убедливиот пораз од Хрватска, македонскиот селектор Благоја Милевски беше незадоволен од тактичката дисциплина и физичката подготвеност на дел од фудбалерите.

Честитам на Хрватска за играта и за победата. Покажа дека во моментов подобра далеку репрезентација од нас, иако ние имавме неколку одлични моменти во првото полувреме. За жал, ако не реализираш со вакви екипи, следи казна. Но, одиме понатаму, имаме време до септември да ги отстраниме аномалиите што ни се појавуваат.

И пред се, се надевам дека играчите ќе ги решат проблемите во клубовите и со поголема минутажа ќе бидат поконкурентни и во репрезентацијата.

Не сум задоволен на моменти од тактичката дисциплина и од физичката подготвеност на дел од нашите играчи. Но, тоа е резултатот на проблемите кои ги носат од клубовите. Ова е одлична прилика да видиме од повеќе аспекти до каде сме и на што треба да работиме за да бидеме на повисоко ниво и во иднина“, изјави Милевски.

За следниот меч со Чешка…

Секако дека ќе има ротации во тимот. Денеска пробавме две-три варијанти од тактичка природа со различен тип на фудбалери на одредени позиции. Тоа ќе го направиме и на следниот натпревар. 

За крај и посакувам на Хрватска успешни настапи на ЕП и ќе навиваме за нив да стигнат што подалеку“, заврши Милевски.

ПретходноПозната е платата на Конте во Наполи!
СледноСтефан Ристовски ги потсети фудбалерите како се гине за Македонија