ОФИЦИЈАЛНО: Серхио Перез ќе вози за Ред Бул до 2026 година

71

Ф1 тимот на Ред Бул го продолжи договорот со Серхио Перез на уште две години. Мексиканецот вози за Ред Бул од 2021 година. За тоа време, тој освои пет победи, а покрај тоа, застана на подиумот уште 24 пати.

Минатата сезона, тој заврши како вице шампион, а во моментов се наоѓа на петтото место во генералниот пласман, зад Макс Верстапен, Шарл Леклер, Ландо Норис и Карлос Саинц.

Претходно беше објавено дека Ред Бул сака да го ангажира Серхио Перез на 1+1 година, а самиот Мексиканец инсистираше на двегодишен договор. На крајот двете страни најдоа заеднички јазик. Ред Бул официјално објави дека Перез ќе вози за тимот до 2026 година.

ПретходноСуперкомпјутерот ги одреди фаворитите за ЕУРО 2024: Англија, Франција, Германија…(ФОТО)
СледноШокантно: 11 години играл за репрезентацијата, а немал право на тоа!