Триумф во Кишињев: Македонија со втора победа во квалификациите за ЕП

830

Женската сениорска фудбалска репрезентација на Македонија ја оствари втората победа во Лига Ц делот од квалификациите за ЕП 2025 година. На гостувањето во Кишињев, попладнево, избраничките на селелторот Андов славеа со 2:4 против селекцијата на Молдавија, која пред само неколку дена среќно успеа да извлече бод на првиот меч одигран во Скопје.

За разлика од тој меч, нашите девојки денеск ауште на стартот покажаа дека одат на трите бода. Во 2. минута Бадисеану постигна автогол и ни обезбеди предност од 0:1. Упорните домашни фудбалерки ја искористија својата прва вистинска шанса во 22. минута и преку стрелецот на голото од Скопје, Табур успеаја да израмнат на 1:1. За наша среќа, радоста не им траеше долго, затоа што со гол од пенал нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова во 26. минута повторно не врати во водство (1:2). До крајот на првиот дел успеавме да дојдеме и до поубедлива предност со голот на Ленче Андреевска во 43. минута.

Во вториот дел Молдавките први се заканија и во 59. минута со голот на Цолниц успеаја да намалат на 2:3. Сепак, нашите девојки успеаја да ги средат редовите и со вториот гол на Наташа Андонова во 75. минута да дојдеме до двојна предност од 2:4.

До крајот на мечот и двете селекции имаа уште неколку обиди, но резултатот остана непроменет. Македониј по четири кола е втора на табелата зад непоразената Словенија, која денеска ја оствари и четвртата победа во групата, победувајќи кај Летонија со 0:4.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноШокантно: 11 години играл за репрезентацијата, а немал право на тоа!
СледноФернандо Јеро му е нов директор на Роналдо во Ал Наср