Бостон со Порзингис на првиот финален меч со Далас

618

Финалистот во НБА лигата, Бостон Селтикс ќе биде посилен за Кристапс Порзингис на стартот на финалната серија со Далас. Како што објави инсајдерот Чаранија, центарот од Бостон одржал неколку тренинзи во последните денови и се очекува да се врати на теренот во првиот натпревар против Далас.

Финалната серија започнува во четврток, 6 јуни. Порзингис беше надвор од терените од 29 април поради повреда на потколеницата. Според првичните прогнози, тој не се очекуваше да се опорави пред средината на јуни, но очигледно работите со неговата повреда одат во нагорна линија.

ПретходноПСЖ не сака да му исплати три плати и бонуси на Мбапе, работата ќе оди на суд
СледноЛапорта: Флик е доведен да направи физички подготвен тим, а не како сега да паѓаме во 60. минута