Бенфика ја одбила првата понуда на Манчестер Јунајтед за младиот фудбалер на португалскиот тим, Жоао Невеш.
Португалскиот весник „Рекорд“ пишува дека понудата, која изнесувала 60 милиони евра, била категорично одбиена од Бенфика, која наводно не сака да го продаде 19-годишниот Невеш за помалку од 100 милиони евра.
„Рекорд“ уште во април дозна дека Манчестер Јунајтед резервирал одредена сума н апари за да инвестира во трансфер на младиот фудбалер на Бенфика.
Жоао Невеш има договор со Бенфика до 2028 година.