Шкупи вечерва ќе гостува кај силна Санта Клара, амбициите се да се даде максимумот!

140

Вечерва од 22 часот по македонско време, екипата на Шкупи ќе го одигра реваншот против силната Санта Клара во рамките на 2.квалификациско коло во Конференциската лига. Познато е дека првиот меч во Скопје пред една недела заврши со триумф на еден од најдобрите португалски тимови со 3:0. Токму затоа се чини дека патникот за следната фаза од ова натпреварување е познат.

Но, тоа не значи дека Шкупи на далечните Азорски острови отпатува на излет. Напротив.

И покрај фактот дека му гостуваат на силен тим, и покрај резултатот од првиот меч, момците на стратегот Гоце Седлоски ветуваат голема борба. Со цел да се “извади“ што подобар резултат на Азорските острови.

Шкупи вечерва ќе настапи и драстично ослабен, нема да играат неколку клучни фудбалери, но тоа е шанса на оние кои ќе ја добијат довербата, да покажат што знаат.

Инаку ова за Шкупи треба да биде и своевидна “генералка“ во пресрет на стартот на сезоната во ПМФЛ, па токму и поради тоа мотивите за добро издание на чаирчани се уште поголеми.

Треба да се покаже на гости кај Санта Клара дека и Шкупи располага со квалитет.

ПретходноНовак во полуфинале и во мешани двојки!
СледноВест на денот за фановите на Јуве: Капитенот се враќа!