Како што и беше најавено, од денеска Струга Трим Лум е во фаза на подготовки. Имено денеска во својата база во Струга, шампионот со новиот стратег трофејниот Ќатип Османи, тргна кон новата сезона. Прво се разбира со настапи на евросцената, а потоа и во јуриш на нова, трета титула во низа.
Од она што се најавува, од утре шампионот ќе почне со промоција на нови играчи, најважно е тоа што “бомбардерот“ Бесарт Ибраими го продолжи договорот.