Алегри е опција за Милан

130

Милан стапи во контакт со поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри за да ја истражи можноста да го назначи за нов тренер на местото на Стефано Пиоли, тврди „Раи“. Како што е познато, „росонерите“ се разделија со претходниот тренер по завршувањето на сезоната. Алегри малку порано доби отказ од Јувентус.

До сега се веруваше дека Пауло Фонсека е фаворит за нов тренер на Милан. Всушност, ова се уште не е променето, но во Милан се уште истражуваат други опции доколку договорот со Португалецот пропадне.

Во исто време, Алегри навести дека сака што побрзо да се врати на работа и сигурно би бил привлечен од можноста повторно да биде на чело на Милан. Тој веќе ги водеше „росонерите“ меѓу 2010 и 2014 година и ја познава средината на „Сан Сиро“. Со Алегри на чело, Милан го освои Скудетото во 2010/11 година како и Суперкупот на Италија во 2011/12 година.

ПретходноМарадона ја загуби Златната топка на покер? Судот забрани да се продава!
СледноЛазаров по успешната сезона: Сакам да апелирам до другите клубовите да не гледаат во нас конкуренти, туку да инвенстираат во млади играчи!